Развојниот пат на аматерскиот играч во Македонија започнува со основниот дел (со Јуниорската програма која ја спроведува ГФМ – Голф Федерација на Македонија) од јуниорската и натпреварувачката програма во клубовите. Понапредните нивоа на оваа програма се идните национални тимови, разместени според критериумите за влез во јуниорски или национален тим на Македонија.